Иранските власти им се закани на семејствата на иранскиот фудбалски тим со затвор и тортура доколку играчите не се „однесат правилно“ пред денешниот натпревар против САД, дознава Си-Ен-Ен од свои извори.



Фудбалерите , наводно, биле повикани на разговор откако тие одбиле да ја пеат националната химна на првиот натпревар против Англија на 21 ноември.

На репрезентативците им биле ветени скапи подароци и автомобили во пресрет на мечот со Англија, но режимот преминал на закани откако одбиле да ја пејат националната химна.

Фудбалерите, по ова ја пееја националната химна пред нивниот втор натпревар против Велс минатиот петок, кој Иран го доби со 2-0.

Изворот на Си-Ен-Ен тврди дека иранските безбедносни агенции кои се активни во Катар за време на Светското првенство ги набљудувале иранските фудбалери, на кои не им е дозволено да се дружат надвор од тимот или да се среќаваат со странски државјани.

„Во последниот натпревар против Велс, властите испратија стотици навивачи за да создадат лажно чувство на поддршка кај навивачите. За натпреварот против САД, режимот планира значително да го зголеми бројот на такви актери и да ги испрати во илјадници “, рече изворот.

Иран и САД денеска играат во клучниот натпревар од групата Б.