Компанијата за мебел United Furniture Industries со седиште во Мисисипи, која стана еден од најголемите производители на мебел во земјата, ја отпушти речиси целата своја работна сила преку е-пошта и СМС порака два дена пред Денот на благодарноста.
Околу 2.700 работници, од кои повеќето живеат во североисточниот дел на Мисисипи, а други во Северна Каролина и Калифорнија, останаа без работа во вторникот рано наутро.
Известувањето за отказите им пристигнал буквално преку ноќ, додека многумина спиеле, пишува Daily Mail.







