Штајнмаер утре во Македонија

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер утре доаѓа во дводневна официјална посета на Македонија.



Според официјалната веб-страница на германскиот претседател, посетатат треба да се фокусира врз ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресија врз Украина и постојаната поддршка на Германија за перспективите на Македонија за влез во ЕУ.

Ова е прва посета на претседателот на Сојузна Република Германија Штајнмаер на земјава.

Предвидено е Штајнмаер да се види со македонскиот колега , Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе се обрати и во Собранието.

Штајнмаер в среда во Скопје ќе се сретне со екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој беше номиниран за „Оскар“ во 2020 година, а попладне ќе го посети ветерниот парк во Богданци, а потоа и германската компанија Дрекелмаер во Кавадарци.ДВ