Толку е голем револтот: Верен поддржувач првпат може да гласа против СДСМ (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Поддржувач на СДСМ кој целиот свој живот гласал за оваа партија признава дека за прв пат може да се случи да гласа против партијата на власт затоа што социјалдемократите забегалени се одредиле.



Твитерџијата кој важи за урбан лик а беше еден од најголемите поддржувачи на СДСМ и кој сега се чувствува злоупотребен, вели дека не само тој туку и многу негови блиски за прв пат би можеле да гласаат против социјалдемократите на Ковачевски.

,,Од кога сељакон од Муртино ме излажа и злоупотреби мојот глас уназад пар изборни циклуси не гласам, но демокративе до таа мераа забегаа што на добар пат се да ме станат од кревет и прв пат во живот да гласам против нив, па нека тераат само вака матер нивна одродена.

Ако ми веруваш сите околу мене, фамилија, пријатели, комшии не излагаа на гласање но во последно време до таа мера има револт што веќе си кажуваат малку фали прв пат во живот да гласаат против СДСМ и тоа во Карпош кое што традиционално е СДСМ. Е до толку голем револтот”, пишува разочараниот екс поддржувач на СДСМ.