Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, во Македонија „живеат луѓе кои се сметаат себеси за Бугари, кои зборуваат бугарски јазик“, изјави утринава за БТВ бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, кој на отворањето на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје изјави дека Македонија е втора бугарска држава.
„Сега викаат македонски, но тоа не значи дека не се разбираме и дека секој нормален филолог во светот знае дека тоа е дијалект на бугарскиот јазик“, го коментираше последниот скандал во Македонија во кој беше вмешано неговото име.
За изјавата дека „Бугарија и Македонија се две земји кои треба да бидат едно“, Костадинов за bTV коментира дека тоа го сакале сите бугарски преродбеници.
Своите нењбулози за Македонија Костадинов ги сподели и на Фејсбук






