Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага, која би можела да резултира со казна за Србија, поради националистичко знаме во нивната соблекувална.
Знамето со натпис „Никогаш не се предавај“ го покажаа и неколку српски навивачи на стадионот за време на првиот натпревар на Светското првенство против Бразил (0-2).
На знамето се појавува Косово во склоп со територијата на Србија.
Косовскиот фудбалски сојуз да се пожали и да бара реакција од Светската фудбалска федерација (ФИФА).
„Фудбалската федерација на Косово силно ги осудува агресивните дејствија на Србија против Косово на Светското првенство во 2022 година. Светското првенство е настан на радост и единство, треба да испраќа пораки за надеж и мир, а не пораки на омраза. Ја повикуваме ФИФА да преземе мерки против таквите постапки“, стои во соопштението на косовската федерација.
Во меѓувреме, Косово отиде чекор понатаму и побара од ФИФА да му го подари „Стадионот 974“, на кој е предвидено да се сретнат репрезентациите на Србија и Швајцарија.






