Политичарите веќе нема да се мешаат во РТВ Словенија

Словенците вчера на референдум усвоија закон со цел да се спречат политичките назначувања во јавната телевизија, откако медиумската клима во земјата се влоши за време на претходниот премиер Јанез Јанша.



Изборната комисија ги објави резултатите, според кои повеќе од 62 отсто од гласачите дале согласност законот да стапи во сила, веројатно на почетокот на 2023 година.

Според текстот, владата и парламентот повеќе нема да имаат право да назначуваат функционери, а телевизијата ќе биде ставена под надзор на граѓански групи – вработени, заштитници на права, Академијата на науките итн.

Неколку здруженија за одбрана на медиумите, како што е Медиумската организација на Југоисточна Европа (СЕЕМО), го поздравија амандманот, кој има за цел да ја „заштити уредувачката независност“ на каналот РТВ Словенија од „политичко и сигурно уништување“.

Конзервативниот лидер Јанез Јанша, кој беше на власт од 2020 до 2022 година, ги засили нападите врз медиумите, обвинувајќи ги за пристрасност смени повеќе функционери на РТВ и назначи роднини, пренесе Бета.