Се’ уште не се знае дали претседателот Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ ќе одат во Катар и на кој мундијалски натпревар, но едно е сигурно – ако одат, а планираат, нема да одат на ист меч.
Хрватската репрезентација денеска во 17 часот по средноевропско време се сретнува со репрезентацијата на Хрватска.
И двајцата добија официјална покана од катарскиот амбасадор, а Индекс ги праша нивните портпароли на кои натпревари ќе присуствуваат Милановиќ и Пленковиќ.
Портпаролот на Милановиќ, Никола Јелиќ, рекол дека ќе информира дали и кога претседателот ќе замине во Катар.
Од кабинетот на премиерот Пленковиќ изјавија дека Пленковиќ има намера да оди во Катар и да ја бодри хрватската репрезентација, но се’ уште не се знае кога и на кој натпревар. „Дотогаш навиваме во Хрватска“, рекол портпаролот Марко Милиќ.







