Фотографијата од српската соблекувална со спорното знаме и натпис „Нема предавање“ ги налути Косоварите.
Косовскиотт фудбалски сојуз побара реакција од ФИФА која сега го истражува целиот случај. Поради ова Србија би можела да биде санкционирана и наскоро да се знае исходот од ситуацијата.
Во меѓувреме, Косово отиде чекор понатаму и побара од ФИФА да му го подари „Стадионот 974“, кој е изграден од контејнери за транспорт.
На крајот од првенството се планира стадионот да биде дониран на некоја од земјите-членки на ФИФА.
Косово важи за еден од фаворитите да го добие стадионот на кој својот натпревар ќе го одиграат Србија и Швајцарија.
Стадионот 974 беше завршен на 20 ноември 2021 година, а десет дена подоцна таму се одигра првиот натпревар.
Името го доби по бројот на контејнери од кои е изграден (974).
Капацитетот на овој стадион е 44 илјади седишта, а моментално се наоѓа во Доха.
Тоа е првиот монтажен стадион во историјата на светските првенства.







