Полска предлага противракетните системи „Патриот“ што ги нуди Германија, да ѝ бидат предадени на Украина, но од НАТтО сметаат дека Берлин сам мора да одлучи за тоа.
Ген-секот на НАТО, Јенс Столтенберг смета дека обука на експерти за користење на системот „Патриот“ би можела да се изврши во земјите членки на НАТО, со што би се избегнало распоредување на персонал на НАТО во Украина, со што би се ризикувало да се влоши ситуацијата.
Полскиот претседател Анджеј Дуда исто така рече дека Германија мора да одлучи дали системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат распоредени на полска територија или во Украина.
Од воена гледна точка, за заштита на полска територија, најдобро би било системот да биде инсталиран на територијата на Украина на одредено растојание од полската граница“, рече тој и објасни дека тогаш противвоздушната одбрана ќе може ефикасно да заштити ги и двете земји.







