ЕСМ не доби дозвола топланите да користат мазут или дизел

Животна средина не дозволи ЕСМ за загревање да користи дизел и мазут, објави Телма.



Државните електрани побарале наместо гасот, дизелот да биде основно гориво за производство на топлинска енергија, но од Министерството за животна средина експресно го одбиле барањето. Освен дизелот, топланите Исток и Запад не може да користат ниту мазут, иако во дозволата овој енергенс стои како опција. Од министерстово за Телма појаснуваат дека ваква одлука донеле затоа што овие топлани немаат филтрациски систем, а гасот го има на пазарот. Повторно апелираа додека е присутен да се користи за греење за да се заштити и животната средина, и здравјето на граѓаните.

Цела анализа