Укрианецот Олександр Онишченко за кого е поведена постапка за одземање на македонското државјанство негира дека морал да плати за да го добие.



„Не сум морал да платам никому. Федерацијата побара помош за да организирам тим за Олимпијадата. Тие мора да ми платат за што ја претставувам Македонија и може да направм тимски успех“, одговори Онишченко за Телма .

Онишченко вели дека бил убедуван да настапува за Македонија:

„Еден од македонските јавачи ме убеди да настапувам за Македонија за да помогнам на националниот тим.Имам две државјанства, но последните две години се натпреварував за Русија. Не гледам никаков проблем со тоа. За тимот на Украина досега сум се квалификувал 4 пати на Олимпијада. Сето ова е спорт и за спортот и не ми треба ништо друго“, одговорил Онишченко преку порака.

Украинецот, баран со меѓународна потерница и лице кое е на „црната листа“ на САД за наводно мешање во американските претседателски избори тврди дека дека не поднесувал лажни информации во процедурата за македонско државјанство и дека целиот случа е спорт и ништо друго.

„Не сум направил никакви грешки и предадов точни и исправни документи“, тврди тој за Телма.