Во битката за наследник на Виктор Димовски за директор на Агенцијата за национална безбедност се неколку клана од блокот на СДСМ кои имаат свои интереси во системот на македонската безбедност, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Николовски јавно поставува прашање кој од клановите на владеачката партија ќе победи во изборот за нов Директор на АНБ?
Во игра за поставување на свој човек во главната македонска тајна служба се четири групи во СДСМ:
– Кланот на Оливер Спасовски во кој е и министерката за одбрана Славјанка Петровска која предходно му беше шеф на кабинет на Спасовски.
– Кланот на премиерот Ковачевски, каде се дел од владините министри и дел од партиското раководство
– Кланот на Миле Зечевиќ, во кој има неколку високи партиски функционери кои не беа многу активен вни во времето на Заев
– Кланот на Зоран и Вице Заев каде главен активен владин функционер е Љупчо Николовски, министер за земјоделие.
Целата изјава на Николовски за ова прашање на овој линк:
🪰 Кој клан ќе победи во изборот за нов Директор на АНБ ?
✝️ Клан Ољо
🏓 Клан Зечевиќ
⚡️ Клан Таче
🍁 Клан Муртино pic.twitter.com/cKeaWiU3By— Демир (@Trollowsky) November 23, 2022






