Камион со странски регистарски таблички утрово пропадна во подната фонтана на плоштадот Македонија во Скопје.



Возилото е значително оштетено, а исто така и фонтаната. Засега нема информации како камионот се нашол на ова место, бидејќи во овој дел од градот потребна е специјална дозвола за возила кои вршат достава.

Ова е четврти пат товарно возило да падне во фонтаната на Плоштадот, последниот пат беше при крајот на август кога се поставуваа бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје.

Подната фонтана на плоштадот Македонија не работи неколку години, а често се оштетува и од возила на градската чистота и од превозници кои добиваат специјални дозволи за движење низ плоштадот заради завршување на некои акитвности. Останува да се види дали ова превозно средство имало дозвола за да го премине плоштадот.