Вооружен маж уби десетина луѓе во супермаркет Волмарт во Чесапик, во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти полицијата.



Напаѓачот, за кој се верува дека е менаџер на продавница отворил оган, а потоа го свртел пиштолот кон себе и се убил, јавува Би-би-си.

Се’ уште не е утврден точниот број на жртвите во вооружениот напад , но полицијата зборува за „помалку од десет“ жртви.

Полицијата добила повик вчеравечер (22.11) околу 22 часот по локално време. При влезот на полицајците во супермаркетот биле пронајдени „повеќемина мртви и повеќемина повредени“.

Минатиот викенд, во пукањево ноќен клуб во Колорадо, популарен кај хомосескуалците и трансродовите лица, беа убиени 5 лица, а повредени 18.