Живееше во Скопје, од денеска доживотно во Шевенинген

Хашкиот трибунал за поранешна Југославија го осуди генералот Ратко Младиќ на доживотен затвор за геноцид и воени злосторства. Пред соопштување на пресудата на Младиќ му се слоши.



Судот при изрекувањето на пресудата на Младиќ заклучи дека тој во неколку босански општини учествувал во воени злосторства над несрпското население, но таму немало геноцид или намера за истребување на народот.

Судскиот совет утврди дека во БиХ имало вооружен судир и дека злосторствата извршени во таа држава имале карактеристики на систематски, масовни и раширени дела.

Такви заклучоци првостепениот совет донесе и во пресудата за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој беше осуден на 40 година затвор.

Генералот Младиќ голем дел од својата кариера во ЈНА работеше во Скопје, во касарната Маршал Тито.