Арачиново рекордер во „цицање“ струја, во октомври потрошило 474% повеќе од лани

Наместо да штедат, Општина Арачиново рекордер во трошење на електрична енергија. Во октомври потрошиле 474 проценти повеќе од лани истиот месец. Нешто помалку но сепак зголемена потрошувачка имало и во општините Студеничани и Лозово. Владата нема да воведува санкции за оние кои не ги следат нивните препораки. Задоволни се што поголемиот број општини рационално ја трошат струјата а во голем процент се намалени трошоците во административните згради и министерства.



– Најмногу заштеди имала Општина Новаци – 76 проценти, Општина Штип -72 проценти и Општина Сопиште 70 проценти. Министерството за образование има постигнато најмала заштеда на електрична енергија од 24 отсто, а најголема заштеда има постигнато Министерството за животна средина од 94 отсто. Доколку продолжи трендот на штедење како Влада ќе бидеме задоволни за начинот на кој постапуваат институциите. Во случај да не продолжат заштедите на електрична енергија како член на Владата сум за ригорозни мерки, но тоа е колективно тело и заеднички на седница на Владата треба да одлучиме што ќе правиме со раководствата кои нема да ги постигнат резултатите.

Според последниот извештај, ЕСМ вчера произвеле 8,5 а увоз направиле од 4,5 гигавати струја. Од први декември министерот тврди дека сите домашни капацитети ќе бидат подготвени, но ќе произведуваат само доколку има потреба. Бектеши вели дека ТЕЦ Неготино не работи поради високата производствена цена а не поради дефектото на генераторот.

12.000 компании кои сами се префрлија на регулиран пазар, имаат рок до 10 декември сами да си најдат снадбувач и да се вратат на слободниот пазар, доколку не го сторат тоа Владата ќе го направи тоа.