Првите луѓе на приватните превозници, Слобода превоз и Макекспрес, денеска ќе договараат какви чекори ќе бидат преземени наредниот период откако вчера не успеаја да се договорат со Град Скопје за средствата што им ги должи на „приватниците.
ЕРдинствено се знае дека и денеска повторно нема да сообраќаат на линиите 9, 12, 23 и 45.
Приватниот превозник „Слобода превоз“ има побарувања од околу 1 милион евра поради што доцнат платите на сопствениците на автобуси.
Претходно беа исклучени од сообраќај пет други линии на кои сообраќаа автобусите на „Макекспрес“ откако не успеаа да си го наплатат тримесечниот долг.
Град Скопје им го раскина договорот со објаснување дека не се придржувале до договореното, не се грижеле за хигиената на автобусите како и дека изминатите години воопшто не било инвестирано во нови возиле, а приватниот превозник продолжил да вози со старите дотраени автобуси.
Градоначалничката Арсовска ги посоветува доколку се одлучат да протестираат нивните возила да ги паркираат пред седиштата на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ бидејќи како што посочи тие се виновни за настанатиот долг.







