11 заробени Руси сепак биле стрелани од украинската армија

Серијата видеа што се појавија на социјалните мрежи минатата недела ја разгореа дебатата за тоа дали украинските сили извршиле воени злосторства или дејствувале во самоодбрана додека се обидувале да фатат група руски војници кои потоа биле убиени.



На видеата се гледаат страшни сцени во кои најмалку 11 Руси, од кои повеќето се гледаат како лежат на земја, се чини дека биле застрелани од непосредна близина.

Видеото на кое се гледа како украинската армија убива заробени руски војници се чини е автентичнао, пишува „Њујорк тајмс“.

„Раша тудеј“ наведува дека на видеото се прикажани настаните што се случија во селото Макеевка во Луганск во средината на ноември. За потсетување, официјален Кремљ го обвини Киев дека украинската армија егзекутирала неколку руски војници.

„Видеата, чиј кредибилитет го утврдивме, претставуваат ретка можност да се видат некои од ужасните ситуации на војната, но тие не покажуваат зошто биле убиени руските војници“, пишува Њујорк Тајмс.

Весникот додава дека сè уште „останува мистерија“ што всушност се случило со војниците.

Меѓутоа, „Њујорк тајмс“ посочува дека, судејќи според видеото, „најмалку 11 Руси се убиени од непосредна близина откако еден од нивните соборци отвори оган врз украинските војници кои стоеја во близина“.

За потсетување, Украина претходно објави дека ја проверува автентичноста на видеото.

„Пред да започне истрага, мора да има основа за тоа. Во моментов утврдуваме дали овие видеа се лажни“, изјави тогаш портпаролот на главниот штаб Богдан Сеник.