Тетовчанка(40) вчера завршила со скршена нога и повреда на раката во обид да избегне напад од кучиња-скитници.
Непријатниот настан се случил околу 23 часот на булеварот Маршал Тито кај зелениот пазар, јави Плусинфо.
„Се движев од дома покрај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката“, вели В.С., мајка на три деца.
Жената била однесена во тетовската болница каде поради скршеницата на ногата ѝ е направена имобилизација со гипс, а санирана била и повредата на раката.






