Ќе остане ли празно ветувањето за подобар студентски стандард?

Во Предлог-буџетот за 2023 во ставката за студентски стандард има намалување од 15 проценти, а за реновирање на студентски домови има намалување на 34 проценти. Тоа говори дека има голема опасност договореното меѓу студентите и власта да остане празно ветување, вели професор Маја Стевановиќ.



Владата најави намалување на трошоците за реновирање на студентските домови, а управите на студентските домови најавија мерки за штедење. Загрозено ли е достоинството на студентите?

По оние снимки и фотографии што јавноста можеше да ги види не може да стане збор за достоинствено студирање или за достоинство на кој било, најмалку на студентите. Да, некои домови се реновирани во изминатите години, но ми се чини дека снимките беа од Стив Наумов и тоа е едноставно катастрофа, нема што да се дискутира. Од друга страна сите треба да примениме мерки на штедење, обврска на Владата е да повикува и да креира некакви си механизми, мора да ја следат ситуацијата, да бидат логични согласно условите. Не можете вие да забраните користење греалки во студентски дом во кој не функционира парното или фури од сите страни. Не можете да исклучите лифт во студентски дома каде студентите треба да се качуваат на 10 кат, но тоа не значи дека не можете да ги исклучите до 3 или до 4 кат. Кога се креираат мерките за штедење треба да се биде здраворазумски и што е многу важно да се разговара со оние на кои тие мерки се однесуваат. Затоа што верувам дека студентите се возрасни и одговорни луѓе, верувам дека секој еден во оваа држава е свесен дека постои економска криза, особено дека постои криза со енергенси и дека мораме да штедиме. Но многу е важно кога се подготвува каква било реформа, кога се креираат вакви мерки да се разговара со оние на коишто тие мерки се однесуваат вели професорката за РСЕ.мк.
Линк до целото интервју и видео.