Во престрелка во геј-клуб во Колорадозагинале 5 лица, а 18 се ранети, јавуваат американските медиуми.
Напаѓачот е уапсен, потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро. Осомничениот е во притвор и е повреден, изјави Кастро на прес-конференција.
Мотивот се уште не е познат.
Од клубот „Q“ на Фејсбук објавија:
„Таѓни сме поради овој напад врз нашата заедница. Нашите молитви и мисли се со сите жртви и нивните семејства и пријатели. Благодарни сме за брзите реакции на нашите посетители кои го покорија напаѓачот и ставија крај на овој напад со омраза“, рекоа тие.







