Авиони на турските воздухопловни сили нападнаа позиции на Сириските демократски сили предводени од Курдите на неколку места во северна Сирија, објави Асошиејтед прес (АП).



Цел на воздушните напади беа стратешки важниот град Кобани во близина на турската граница, кој Анкара претходно се обиде да го освои за да создаде „безбедносна зона“ во северна Сирија, како и две села.

АП забележува дека ова е одговор на експлозијата во Истанбул претходно оваа недела, во која загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа повредени. Турските власти за нападот ја обвинуваат Работничката партија на Курдистан и курдските групи поврзани со неа.