Екваторијална Гвинеја гласаше во неделата на општи избори на кои претседателот Теодоро Обијанг Нгуема, најдолготрајниот претседател на светот очекува победа за да го продолжи своето 43-годишно владеење на чело на малата западноафриканска нација, пишува Ројтерс.



Повеќе од 400.000 луѓе се пријавиле да гласаат во земјата со околу 1,5 милиони жители. Гласачите ќе гласаат и за избор на 100 членови на парламентот за долниот дом, 55 од вкупно 70 сенатори и градоначалници во земјата.

Меѓународните набљудувачи не очекуваат изненадувања. Обианг (80) отсекогаш бил избиран со повеќе од 90% од гласовите.

Тој се кандидира за шести мандат против двајца кандидати – Буенавентура Монсуи Асуму, кој по шести пат се натпреварува против Објанг и Андрес Есоно Ондо, кој се кандидира за прв пат.

Екваторијална Гвинеја имаla само двајца претседатели од независноста од Шпанија во 1968 година. Објанг го собори својот вујко Франциско Масиас Нгуема со државен удар во 1979 година.