Европа и САД се најдоа на работ на трговска војна поради одбивањето на Вашингтон да им дозволи на европските производители да учествуваат во програмата за борба против климатските промени, пишува „Spiegel“.
„САД ветија дека ќе инвестираат милијарди во „зелени“ технологии, притоа провоцирајќи ги Европејците. Нацрт-законот со повеќе милијарди субвенции за борба против климатските промени беше одобрен од американскиот Конгрес летово, на предлог на Бајден.
Меѓутоа, Европејците дури сега сфатија дека субвенции ќе добијат само оние кои се занимаваат со производство во Америка“, се наведува во написот.
Авторот на написот посочи дека протекционистичките мерки на САД може да доведат до економска војна со Европската унија.






