Моравјецки: Ако Украина не добие поддршка, војната ќе стигне во Полска

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека падот на проектил во селото Пржеводов во кој загинаа двајца полски државјани докажува дека доколку Украина не добие поголема поддршка, војната ќе се прошири на територијата на Полска, пишува Украинска правда.



Моравјецки додаде дека „денес има само еден начин Полска да влезе во војната, односно да и сврти грб на Украина“.

Во таков случај порано или подоцна Украина ќе стане критично зависна од Русија.

„Доколку Украина не е независна, нема да мораме ни да правиме ништо за да предизвикаме војна бидејќи таа сама ќе ни дојде. Путин нема да запре, Кремљ ќе продолжи. Пасивноста би значела самоубиство за нас“, рече Моравјецки. .

Полскиот премиер истакна дека неговата земја е подготвена за инциденти како овој во Пжеводов и има одговори за различните можности за хибридна војна што Русија може да ја води против Полска, пишува „Украинска правда“.