Најмалку девет лица, меѓу кои 4 деца, загинаа во експлозија во станбена зграда по која се урнаа неколку ката на Далечниот исток на Русија, изјави локалниот гувернер Валери Лимаренко.



Експлозијата се случи утринава во петкатница во селото Тимовоскоје на островот Сахалин, рече тој.

Според првите информации, се работи за експлозија на гас, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации и додаде дека на местото на несреќата се испратени околу 60 спасувачи за расчистување на урнатините.