Турција ќе им суди на 17 лица за вмешаност во нападот во Истанбул

Турција обвини 17 осомничени вклучени во нападот во Истанбул за обиди за дестабилизација на државата, убиство со умисла и обид за убиство.



На 13 ноември во експлозија во центарот на Истанбул имаше терористички напад во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 се повредени.

Извриштелч е Сиријката идентификувана како Ахлам Албашир, која им кажала на иследниците дека влегла во Турција илегално и престојувала во куќа во Истанбул четири месеци преправајќи се дека е пар со еден од другите осомничени, јавува Anadolu Agency.

Судот ослободи тројца осомничени а исто така, нареди депортација од Турција на 29 лица кои беа уапсени од полицијата во врска со нападот.

Датумот на судење се очекува да биде одреден откако обвинителите ќе го подготват обвинението, што може да потрае со месеци.