Ким Јонг-Ун ја покажа ќерката, ја носел на лансирање ракета

Севернокорејскиот лидер за прв пат му ја покажа ќерката на светот.



Северна Кореја во петокот ја тестираше интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17 (ИЦБМ), објави во саботата државната новинска агенција КЦНА.

Изненадувачки додаток на лансирањето беше присуството на ќерката на Ким, чие постоење никогаш порано не било јавно потврдено.

Нејзиното неочекувано појавување ги зголемува шансите лидерството на тоталитарната држава да премине на четвртата генерација на семејството Ким и сугерира дека нуклеарното оружје ќе биде дел од тоа наследство, велат аналитичарите.

Се верува дека Ким има три деца.

„Ова е првпат да ја видиме ќерката на Ким Џонг-ун на јавен настан“, изјави Мајкл Маден, експерт за севернокорејското раководство во центарот Стимсон во Вашингтон.