Ватикан известен за над 600 случаи за сексуална злоупотреба од свештеници во последните две години

Католичките бискупи во Италија во четвртокот открија дека над 600 случаи на сексуална злоупотреба од страна на свештеници во земјата биле поднесени во Ватикан од 2000 година.



Италијанската бискупска конференција, позната како Conferenza Episcopale Italiana или CEI, го претстави извештајот – насловен „Заштита, спречување, едукација“ – на преполна конференција во раскошната ренесансна палата Пио во Рим, јави Еуроњуз.

Документот идентификуваше 89 претпоставени жртви и околу 68 обвинети лица. Од пријавените жртви, 61 се идентификувани како малолетни.

Наводните сторители не биле само свештеници и членови на свештенството, туку и луѓе коинработеле за Црквата.

Извештајот, кој ги опфати само жалбите што локалните италијански црковни власти ги примиле во последните две години, не ги спомнува стотиците случаи.

Генералниот секретар на ЦЕИ, монсињор Џузепе Батури, откри дека се истражуваат најмалку 613 досиеја.

„Треба да откриеме колку жртви има, каков е нивниот профил, кои се одговорни“, рече тој.

Јасно се посочува дека таков извештај е без преседан за Црквата, бидејќи систематско проучување на проблемот не е одобрено. Но, епископите се посветени на објавување извештаи секоја година.

Монсињор Лоренцо Гизони, шеф на националната канцеларија за заштита на децата на италијанската црква, негираше дека црквата се обидувала да ја скрие својата историја на сексуална злоупотреба.

„Време е да се проветрат валканите алишта“, рече тој.