Во наредните 10 дена се очекува да почне поевтинувањето на основните прехранбени производи. Инспектори на Државниот пазарен инспекторат ќе ги посетат маркетите и ќе проверуваат дали ги намалиле цените. Ова доаѓа откако Владата одлучи да субвенционира електрична енергија за компаниите кои произведуваат прехранбени производи. Поради тоа очекуваат компаниите и маркетите да ги намалат цените, бидејќи и инпутот струја во вкупната цена ќе биде намалена.
„Во текот на оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супер маркетите, освен тоа што го правиме преку домашните производители, на дневна база ги добиваме податоцитена цените на увозот на тие прозиводи кои се наведени во одлуката на Царинската управа и во текот на оваа недела ќе ве известиме и во делот на процентот на намалување и на производите кои ги намалиле и компаниите кои тоа го направиле“, вели Крешник Бектеши.
Веќе се изречени неколку казни, а во ист стил ќе се продолжи, бидејќи како што вели министерот за економија, нема да дозволат да има злоупотреба на кризата врз грбот на потрошувачите, во овој случај на граѓаните.





