„Како што реков, треба да бидат разрешени сите јавни обвинители (и посебно оние кои се во Советот на јавни обвинители), да се распише нов конкурс и врз основа на посебно спецификувани критериуми да се изврши драстично прочистување на оваа институција.
Стравот дека ќе има проблеми заради малиот број обвинители е потполно неоснован“, пишува професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук.
„Тоа е исто како во болница да има надрилекари и на барањето да се изврши соодветно прочистување тие да одговорат дека постои опасност да нема доволно лекари.
Ова се надри јавни обвинители и нивното отсуство ќе биде само плус во развојот на правосудниот систем во Македонија“, пишува Најчевска.






