За Ковачевски, Левица и Апасиев се „најголема опасност за патот кон ЕУ“

На прес-конференцијата со европратеничката Ираче Гарсија Перез, премиерот Димитар Ковачевски ги посочи како „најголема опасност на патот кон ЕУ“, Димитар Апасиев и неговата партијата Левица која има само двајца пратеници во Собранието.



„…најголемата опасност за нашиот пат кон ЕУ лежи во една политичка партија која што има антиевропска, анти-НАТО и анти-интеграциска политика со Западна Европа. Тоа е Левица и нивниот претседател Димитар Апасиев. – рече Ковачевски.

И тие веќе го имаат во заложништво претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како и самата ВМРО-ДПМНЕ, затоа зашто тој е слаб, без став и без визија“, рече премиерот.

Ковачевски уште додаде „не смееме да дозволиме политиката да биде креирана од такви политички пиромани коишто немаат никаква визија за државата“, рече премиерот кој себе се гледа меѓу оние „политичари коишто ја гледаат државата во ЕУ, како граѓани коишто ја гледаат државата во ЕУ заради себе, заради нашите деца, заради идните генерации“.