Палестинец убил двајца Израелци и ранил четворица други во напад со нож во населба на окупираниот Западен Брег денескат, пред да биде застрелан од израелските безбедносни служби, јавуваат медиуми



Службата за итна помош потврди дека две лица загинале во населбата Ариел. Четворицата повредени се хоспитализирани во тешка состојба.

Инцидентот доаѓа само еден ден кога во Западен БРег беше убиена 19 годишна Палестинка.

Израелски војници убија Палестинка

Засега нема информации за мотивите за нападот, а одговорност за инцидентот не презеде ниту една вооружена група.

Израелскиот премиер Јаир Лапид упати сочувство до семејствата на загинатите во нападот и рече дека Израел „континуирано и со полна сила се бори против тероризмот“.

Ова е уште еден случај на израелско-палестинското насилство во кое само годинава беа убиени најмалку 23 Израелци и над 130 Палестинци во 2022 г

Израел го презеде Западниот Брег за време на Блискоисточната војна во 1967 година, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа.

Палестинците овие територии ги сметаат за своја идна независна држава.