Шефот на ФИФА повика на прекин на непријателствата во Украина за време на Светското првенство. Тој ги повика сите земји да го искористат турнирот како позитивен поттик за да работат на решение, пренесува Ројтерс.
Говорејќи пред лидерите на Г-20 на индонезискиот остров Бали, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рече дека едномесечното Светско првенство, кое започнува во Катар во недела, нуди единствена платформа за мир.
„Моето барање до сите вас е да размислите за привремен прекин на огнот за еден месец за време на Светското првенство или барем за воведување на некои хуманитарни коридори или нешто што може да доведе до продолжување на дијалогот како прв чекор кон мирот“, рече Инфантино. .
Вие сте светски лидери, имате способност да влијаете на текот на историјата. Фудбалот и Светското првенство ви нудат вам и на светот единствена платформа на единство и мир низ целиот свет#, додаде тој.
Светското првенство ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември во Катар, кој е првата земја на Блискиот Исток домаќин на најголемиот фудбалски форум.







