Украинскиот претседател Володимир Зеленски, повика на прекин на војната во Украина, во обраќањето преку видео врска со лидерите на Самитот на Г20 во Индонезија,.



„Убеден сум дека сега е моментот кога руската деструктивна војна мора и може да се запре. Ова ќе спаси илјадници животи“, рече Зеленски во својата видео порака.

Сопоред него војната мора да заврши „праведно и врз основа на Повелбата на ОН и меѓународното право“.

Нема да дозволиме Русија да чека и да ги зголеми силите…“, се закани Зеленски.

Тој ги повтори условите како да се стави крај на војнатаж: Руската Федерација мора да ги повлече своите окупаторски сили, да плати компензација за штетата нанесена на Украина и да го потврди територијалниот интегритет на нашата земја.

На Самитот не присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин, а неговата земја ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.