Зошто Данела Арсовска не сакаше да даде пари за фудбалскиот клуб „Вардар“?!

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не сакаше да даде пари за фудбалскиот клуб „Вардар“. Тоа беше и главната точка на која се расправаше во советот на Град Скопје каде мнозинството советници кажаа дека мора да му се помогне на овој клуб кој е со блокирана сметка и во тешка финансиска состојба. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски ги повика сите членови да го прифатат предлогот амандманот за финансиска помош од 15 милиони денари, укажувајќи дека вината треба да се бара во претходното раководство на Град Скопје.



Нелоски додаде дека фудбалерите 4 месеци немаат земено плата и мора да се изнајде системско решение за во иднина да не се случува ова.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска рече дека ова е неприфатливо зашто тие пари ќе заминеле во туѓи џебови, посочувајќи дека нејзина молба е да се изнајде соодветно решение и ФК „Вардар“ да се врати под капата на градот од 2023, а институциите да испитаат што конкретно се случувало во клубот.

И додека Арсовска негодуваше, мнозинството советници го прифатија амандманот кој предвидува доделување на финансиска помош од 15 милиони денари за ФК Вардар. Инаку, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова од денеска не е дел од советничката група на партијата. Таа кажа дека од сега ќе дејствува како независна. Нејзината изјава од говорницата на Советот беше поздравена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска. Еве дел од изјавите на советниците.