Регулаторната комисија донесе одлука за намалување на цените на горивата што ќе важат од 01 часот по полноќ.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар.
За 2,00 денара поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 96,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 91,00 денар за литар.
ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава за 93,50, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 96,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува на 49,189 денари за килограм.







