Одложено судењето на Лидија Димова која е обвинета за проневерени европски пари

Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е одложено за 2 февруари, откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје.



Обвинение за Лидија Димова за проневерени 320.000 европски пари

Димова од Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба.

Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште.

Советот реши да го одложи судењето за 2 февруари 2023 година.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница.