Жена бомбаш самоубиец стои зад вчерашната експлозија во Истанбул во која загинаа најмалку шест лица, а 81 се повредени, соопштија турските власти.



„Сметаме дека станува збор за терористички напад, соопшти турскиот потпретседател Фуат Октај кој додаде дека две лица се тешко повредени.

Експлозијата се случи на пешѓачка зона во централното градско подрачје во улицата Истиклал.

Претходно претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, исто така рече дека според првите податоци се работи за терористички напад.

Турската влада ги обвини курдските милитанти за вчерашната експлозија во центарот на Истанбул, во која загинаа шест луѓе, додавајќи дека се приведени 22 осомничени, меѓу кои и лицето кое ја поставило бомбата.