СДСМ: Владата со мерките ја спаси економијата

Со антикризните мерки на Владата ја спасивме економијата, велат утрово од СДСМ, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека погрешното раководење го урнисува овој значаен сектор, велат од владејачката СДСМ.



„За време на најтешката светска економска криза, преку навремени и ефикасни мерки и политики Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски успеа да ја спаси македонската економија.

Само со последниот пакет мерки им помагаме на околу 200.000 граѓани, доминантно од ранливите категории граѓани. Претходно, уште во првите 100 дена од мандатот на оваа Влада минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари. Двојно повеќе отколку во времето на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Додаваат дека пензиите за 6 месеци се зголемени за 10 отсто, односно за шест месеци за 1.500 денари власта ја зголемила просечната пензија.

Пензиите и минималната плата ќе продолжат да растат, уверува СДСМ, додавајќи дека се обезбедени пари со буџетот за 2023 година и веќе в март идната година ќе следува ново зголемување на пензиите и минималната плата, велат ов владејачката паертија.