Поради атлетска трка, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Утре попладне, од 16:30 часот во центарот на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради одржување на атлетска трка.



Атлетската трка е во организација на Атлетската федерација и ќе биде со траса од Порта Македонија, а ќе ги опфати улиците: „Никола Вапцаров“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“ и „Филип Втори Македонски“.

„СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот“,најавија од МВР.