Министерот за животна средина Насер Нуредини вели дека Министерството не издало дозвола на топланите за користење на дизел за топлинска енергија за парно греење на скопјани.
Дизел горивото воопшто не е предвидено во постоечката дозвола, велат за МКД.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Топланите имаат добиено еколошки дозволи од нашето Министертство, но тие се само за користење на гас.
Законот е јасен, доколку се бара дозвола за користење на друго гориво, постапката трае 90 дена, но користењето на дизелот не е предвидено во таквата дозвола. Најеколошки е ако се користи гас за топлинска енергија, вели Нуредини за Сител.







