Единствениот кандидат Албанец за член на специјалната полициска единица „Тигар“, не успеал да влезе во единицата бидејќи не знаел да плива.
Тој ги започнал проверките и стигнал до прелиминарните проверки, но бидејќи не знаел да плива, не можел да продолжи.
,,Тука нема импровизации и никако не можете да направите отстапка во овој дел. Во специјалната антитерористичка единица „Тигар“ не е важна етничката припадност, туку кандидатите мора да ги исполнуваат условите што ги предвидува оваа елитна единица”, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Прав пат“ на Алсат-М прашан за застапеноста на Албанците во оваа единица.
Тој посочува и пример за еден кандидат Албанец, кој ги поминал сите тестови за да стане дел од единицата „Тигар“, но на крајот не успеал, бидејќи не знаел да плива.
„Од сите кандидати што се појавија, само еден беше Албанец. Тој ги започна проверките и стигна до прелиминарните проверки, но бидејќи не знаеше да плива, не можеше да продолжи. Тука нема импровизации и никако не можете да направите отстапка во овој дел“,
рече Спасовски за Прав пат …, пренесува 360 Степени.
Видеото на овој ЛИНК





