Ватикан ќе започне истрага против францускиот кардинал Жан-Пјер Рикар, кој неделава признал дека злоставувал 14-годишно девојче пред неколку децении, пренесува Ројтерс.
78-годишниот Рикар го призна делото, за кое рече дека се случило пред 35 години кога бил парохиски свештеник.
Поранешниот Папа ќе сведочи за сексуална злоупотреба на деца во Германија
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, во петокот изјави дека прелиминарната истрага ќе започне откако ќе се најде најсоодветното лице со „неопходна автономија, непристрасност и искуство“ за нејзино спроведување.
Тој додаде дека Ватикан го зема предвид фактот дека француските правосудни власти отвориле истрага за случајот.
Ватикан нема да започне сериозна истрага додека не заврши истрагата на француските граѓански власти, така што она што е пронајдено може да се користи како референца.
Рикард, кој беше надбискуп на Бордо од 2001 до 2019 година и беше прогласен за кардинал во 2006 година од поранешниот папа Бенедикт, побара прошка и рече дека ќе се повлече и ќе им биде достапен на граѓанските и црковните власти.






