Ништо нема да има од поевтинување на прехрамбените производи, реагираат граѓаните, откако Владата најави дека цената ќе се намалела од следниот месец. Високите цени на лебот, млекото, маслото, месото, кои се покачија и повеќе од двојно, ништо живо не можело да ги поевтини, се жалат граѓаните пред камерата на Алфа.
Според нив, откако лебот заминал над 60 денари, евентуалното намалување за некој денар, немало ништо да има помогне на и онака „изедените“ плати од инфлацијата.
Од пекарската индустрија рекоа дека намалување ќе има, но не сега како што најавува Владата, туку прво да поевтини струјата, а потоа ќе мислиме што натаму.
И додека граѓаните реагираат на скапотијата, Владата очекува намалување на цените за најмалку 10%. Причина за драстичното поскапување на производите беа зголемените трошоци на компаниите поради високите цени на струјата и до 10 пати повисоки.





