Останал без работа па ја запалил канцеларијата на директорот!?

Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.



Како што посочи МВР, директорот А.Ф. (36) пријавил дека по претходна расправија, од страна на Н. Ј. поранешен вработен во домот и уште едно лице била фрлена запалива течност, при што настанал пожар.

Се претпоставува дека лицето, револтирано откако не му бил продолжен договорот, околу 10:30 часот влегол во канцеларијата на директорот на студентската куќа „Пелагонија“, прво ја демолирал со секира, а потоа ја запалил“, пренесува Клан Македонија.

Од МВР велат дека нема повредени до моментот на пријавувањето, а пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје.