Грчева: ДУИ го “јавна“ судството, СДС ја “продаде куќата“, но на следните избори ќе летаат како од катапулт!

„ДУИ како ‘најчиста’, ‘непорочна’ и пред се недопирлива партија целосно го ‘јавна’ судството, бидејќи СДСМ ја ‘продаде куќата’.“ – реагира Солза Грчева, претседателката на вонпарламентарната партија „Глас за Македонија“ и универзитетска професорка, во објавата на својот фејсбук-профил.

Грчева пишува: „Беса Адеми, претседателката на Врховен суд, уште и едногласно избрана за член на Управниот одбор на Академијата за судии. Каде се обучува снаа и. Беса не гледа судир на интереси. И се може, Законот за конфликт на интереси е блуеница.“

„За Ислам Абази, исто едногласно избран од обвинителите за главен обвинител (треба итно самите да бидат обвинети, бидејќи избираат анонимус без никакви референци), дознавме дека во Академијата е веќе жена му, а го токмеа и таму да е член.“

„Нашиве деца нека скитаат по светот. Овде за нив нема ниту работа, ниту сигурност.“

„СДС ја ‘продаде куќата’ до крај. Уште пак натегаат за уставни промени за албанскиот да стане официјален јазик.“

„Племе недржавничко. Ќе летаат како од катапулт на следните избори.“