Пет дена откако Ислам Абази беше избран за шеф на обвинителството за гонење организиран криоминал и корупција, Советот на јавни обвинители го предлага да биде и член управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители.
Овој предлог поминал на денешната седница на предлог на заменикот претседател на Советот Арбер Исаку, јавува Телма..
Според законот за академија на судии и јавни обвинители, УО го сочинуваат 9 членови. Четворица судии предлага судскиот совет, четврица обвинители – советот на јавни обвинители и еден член назначува министерот за правда.
Инаку, сопругата на Абази ја привршува обуката на Академијата која е составена од теоретски и практичен дел и најдоцна до крајот на годината со колегите од генерацијата треба да полага завршен испит пред да може да биде избрана за судија или обвинител.







