Се трошат последните количини гас, дали топланите од вторник ќе работат на дизел?

Топлана Скопје Север

Се уште е непознато на што ќе работат топланите по 15 ноември со оглед дека деновиве се црпат последните количини на гас.



Одлука нема ни за тоа дали во случај на криза со овој енергенс ќе се премине на загревање со дизел гориво.

Надлежните пак со смирувачки тон до граѓаните дека не треба да стравуваат, бидејќи тврдат греење ќе има до крајот на грејната сезона.

Во моментов топланите работата на природен гас и главно 70 проценти од потребите на топлонска енегија се поркиваат од ТЕ-ТО.

Останатата топлинска енергија се обезбедува од топланите Исток и Запад.

Од РКЕ, но и експертите неклку пати апелираа, надлежните да не се потпираат на поевтината варијанта на греење со дизел и да се потрудат да обезбедат природен гас.

Топлана Скопје Север